fbpx

Поддршка за реформите од помошникот генерален секретар на ОН, Мирослав Јенча

-

Помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања, Мирослав Јенча, на средбата со премиерот Зоран Заев ја поздравил посветеноста за спроведување на реформите како и заложбите на владата за демократија, владеење на правото, човековите права и меѓуетничките различности. Тој понудил поддршка од системот на Обединетите нации во спроведувањето на реформите, особено во областа на достигнување на Целите за одржлив развој, соопштија ОН.

Покрај Заев, Јенча разговараше и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателите на собраниските комисии, претставници од граѓанското општество, дипломатскиот кор и тимот на Обединетите нации.

Јенча ја поздравил и активната поддршка на владата за тимот на Обединетите нации во земјата, како и учеството во работата на ОН и на глобално и на национално ниво. На средбите била нагласена и важната улога на политичките лидери и граѓанското општество во спречување на поделбите и во унапредување на правата на малцинствата и јакнење на улогата на жените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова на „Галичка свадба 2024“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата. „Претседателката изрази задоволство од континуитетот со кој доследно се промовираат...