fbpx

Одбраната на Младиќ бара поништување на доживотната казна затвор

-

Поради влошената здравствена состојба, одбраната на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ бара укинување на пресудата за доживотен затвор.

Младиќ покрај досегашните здравствени проблеми има и когнитивни нарушувања и благ степен на деменција. Одбраната тврди дека овие болести не му биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба.

Неговите адвокати бараат од Меѓународниот механизам, што ги презеде делата на Хашкиот трибунал, да ги испита активностите на официјалните лица и медицинскиот персонал во затворот. Адвокатите тврдат дека овие лица им забраниле пристап на одбраната до медицински документи, кои биле доказ во тешката состојба на Младиќ, не ја објасниле неопходната медицинска нега и не дозволиле затвореникот да го прегледаат независни лекари.

Младиќ беше осуден на доживотен затвор на 22 ноември минатата година за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на обичаите и законите на водење војна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...