fbpx

И „анономуси“ напаѓаа за божикните празници

-

Хакерската група „Анономус“ се приклучи кон божикните кражби на податоци и кибернетските напади што ги почна групата „Лузард сквод“.

На твитер-профилот поврзан со „Анонимус“ е објавено дека во јавност се пуштени лозинки и броеви од кредитни картички поврзани со повеќе од 13.000 кориснички сметки. Станува збор за разни интернет-продавници, плаќање телевизиски услуги и за страници за возрасни.

Меѓу украдените податоци се наоѓаат и лозинки за сервисите „Икс-бокс лајв“ и „Пи-Ес-Ен“, кои за Божик ги урна групата „Лизард сквод“. Врв на сето тоа беше тоа што „Анонимус“ на сервисот „Мега“ постави и поратска копија на новиот филм „Интервју“, кој очигледно е незаобиколен кога станува збор за хакерски напади во последните месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...