fbpx

Заев го повика Груевски да ги признае изборите и да работи во интерес на граѓаните

-

Ова е голема победа на граѓаните на Македонија и им го честитам овој голем празник на демократијата, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, додавајќи дека изборите биле фер и демократски.

Заев рече дека резултатот бил очекуван за нив, за опозицијата, но и за граѓаните. Тој истакна дека не смее да има еуфорија, односно дека „прославите завршуваат вечерва, од утре продолжуваат со работа“.

Тој исто така ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја ревидира својата одлука за непризнавање на изборите и да работи во интерес на граѓаните. Тој ја отфрли можноста за организирање предвремени парламентарни избори.

– Ги разбирам овие емоционални моменти на нашиот опонент, но се надевам дека ќе ги стават интересите на граѓаните во прв план. Што да ви кажам. Бараат СЈО. Го разбирам чувството на поразениот. Граѓаните ја потврдија поддршката и за централната и за локалната власт. Уште сега се знае какви би биле резултатите од предвремените избори. Еуфоријата по изборите и спремање на нови избори беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев.

Прашан што ако власта го изгуби мнозинството во Собранието, тој рече оти очекува дека мнозинството ќе продолжи да се зголемува.

– Парламентарното мнозинство ќе се зголемува, тоа не значи дека ќе има преминување од една партијата во друга, но поддршката за перспективите на Македонија сигурно ќе се зголемува – истакна Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...