fbpx

Рахој се надева дека мерките против Каталонија нема да траат долго

-

Шпанскиот премиер изјави дека плановите на владата да ја преземе контролата над Каталонија и да го спречи обидот за независност се исклучителни и изрази надеж дека тие нема да траат долго.

Рахој во парламентот рече дека примената на член 155 од Уставот е „единствена можна“ опција за воспоставување владеење на правото кое, според него, е укинато со обидот за сецесија на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон.

Тој најави дека се надева дека траењето на планираните мерки, кои вклучуваат и смена на владата на Пучдемон и одземање на овластувањата на каталонскиот парламент, ќе биде кратко и дека тие би требало да завршат со регионални избори. Рахој изрази надеж дека изборите ќе бидат одржани набргу откако ќе биде воспоставен ред и закон во овој регион.

– Со активирање на членот 155 од Уставот, ја исполнувам мојата обврска во однос на непочитувањето на законот – рече Рахој и додаде дека целта е да се отстранат економските последици од одлуката што ја донеле сецесионистите.
Шпанскиот премиер рече дека единствена работа за која Пучдемон сакал да разговара биле условите и роковите за независност на Каталонија.

Се очекува шпанскиот Сенат в петок да ги усвои предложените мерки.

Изминатите денови се засилија шпекулациите дека Пучдемон би можел да распише вонредни избори за каталонскиот парламент за да ја избегне интервенцијата од Мадрид.

Пучдемон за утре свика седница на регионалниот парламент, на која се очекува да се донесат важни одлуки, а не се исклучува можноста и да се прогласи независност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...