недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Карлес Пучдемон | 21 резултати

Пучдемон се жали дека го третираат како педофил и сериски убиец

ноември 11, 2017

Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пучдемон наведе дека откако е пуштен на условна слобода во Белгија, јавноста го третира како педофил. Пучдемо во моментов се наоѓа во Брисел, каде замина откако Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталонската влада. Тој и четворица министри, откако Шпанија распиша европска потерница им се предадоа на белгиските власти, а […]

Пучдемон и министрите се предале на белгиската полиција

ноември 5, 2017

Според медиумите во Белгија, сменетиот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, ѝ се предал на полицијата. Освен Пучдемон, уапсени се и четворицата министри со кои тој пребега во Белгија, откако шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет. Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и на министрите во Шпанија. По […]

Шпанското обвинителство бара од судот да издаде европски налог за апсење на Пучдемон

ноември 2, 2017

Шпанското обвинителство денеска побарало од судот да издаде европски налог за апсење на разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и на уште четворица членови на неговата влада, откако не се појавија на сослушувањето во Мадрид, јавуваат светските медиуми. Судот сè уште не донел одлука по барањето на обвинителството. Пучдемон и 14 членови на каталонската влада беа […]

Пучдемон се наоѓа во Брисел, не се исклучува можноста да бара азил

октомври 31, 2017

Разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон е во Брисел и не се крие, изјавил неговиот адвокат Пол Бекарт, кој не ја отфрла можноста Пучдемон да бара азил во Белгија. – Тој ги има сите права да биде таму, против него не се води никаква постапка – изјавил Бекарт за фламанското државно радио. Прашан дали Пучдемон планира […]

Пучдемон го повика народот на мирен начин да се спротивстави на одлуката на Мадрид

октомври 28, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, кој е разрешен од централната власт на Шпанија поради прогласување независност на регионот, го повика народот на мирен начин да се спротивстави на преземањето на контролата од страна на Мадрид. Во денешното телевизиско обраќање, Пучдемон рече дека „одлуката на Мадрид да ја суспендира автономијата на Каталонија и да го именува земник-премиерот […]

Водачите на Каталонија ќе бидат обвинети за бунт

октомври 27, 2017

Врховниот јавен обвинител на Шпанија ќе поднесе обвинение за бунт против сите одговорни за гласањето во каталонскиот парламент за независност на Каталонија, јави „Индипендент“. Според портпаролот на обвинителството, обвинителот разгледува дали обвинението треба да се однесува само на владата на регионот Каталонија, вклучувајќи го и претседателот Карлес Пучдемон, или и на пратениците во регионалниот парламент. Според […]

Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

октомври 27, 2017

Пратениците на каталонскиот парламент денеска на тајно гласање прогласија независност на Каталонија од Шпанија. Гласањето го бојкотираа пратениците од опозицијата. Каталонскиот парламент гласаше за почнување на конститутивен процес за одвојување на Шпанија со 70 гласа „за“, 10 „против“ и два неважечки, јавува каталонскиот весник „Вангвардија“. Расправата во каталонскиот парламент траеше неколку часа, а ја одбележа остра поделба во […]

По мерките, прв чекор е смена на Пучдемон, порача Рахој

октомври 27, 2017

Шпанскиот Сенат ја почна седницата на која треба да се гласа за смена на владата на Каталонија, откако овој регион на 1 октомври одржа референдум за независност. Сенатот гласа за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија, кој би довел до воведување принудна управа на Мадрид над Каталонија. Во Сенатот во моментов говори шпанскиот […]

Пучдемон: Нема гаранции за одржување на парламентарни избори

октомври 26, 2017

Каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон, денеска ја отфрли можноста за распишување на парламентарни избори бидејќи, како што појасни, не постојат гаранции за нивно одржување. Пучдемон денеска рече дека размислувал да побара предвремени избори, но не ја донел таквата одлука затоа што не добил доволно гаранции дека владините „навредливи“ потези за преземање контрола врз Каталонија ќе бидат суспендирани. – […]

Ако Мадрид го реализира планот, кризата ќе ескалира, тврди Пучдемон

октомври 26, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон изјави дека кризата во Шпанија ќе ескалира доколку централната власт го реализира планот за преземање на управата над Каталонија. „Планот на шпанската влада ќе создаде сериозна вонредна ситуација со одемањето на автономијата на Каталонија“, навел Пучедемон во писмото до шпанскиот Сенат, кој денеска во 17 часот треба да ја разгледа примената на членот […]

Рахој се надева дека мерките против Каталонија нема да траат долго

октомври 25, 2017

Шпанскиот премиер изјави дека плановите на владата да ја преземе контролата над Каталонија и да го спречи обидот за независност се исклучителни и изрази надеж дека тие нема да траат долго. Рахој во парламентот рече дека примената на член 155 од Уставот е „единствена можна“ опција за воспоставување владеење на правото кое, според него, е укинато […]

Пучдемон: Нема да го прифатиме планот на Рахој за директна управа во Каталонија

октомври 22, 2017

Каталонија нема да го прифати планот на шпанската влада за директна управа во покраината, изјави каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, пренесува „Би-би-си“. Пучдемон го опишал планот на Мадрид како најлош напад на каталонските институции од диктатурата на генералот Франциско Франко (1939-1975), за време на која беше одземен автономниот статус на Каталонија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој вчера, […]

Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

октомври 19, 2017

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија. Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од […]

Пучдемон се закани, а Мадрид најави радикални мерки

октомври 19, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ј известил шпанската влада дека Каталонија не прогласила независност, но дека би можела тоа и официјално да го направи доколку Мадрид продолжи со репресијата, односно со суспендирање на автономијата. Истовремено, неименуван шпански државник изјави дека писмото на Пучдемон не одговора на повикот на шпанската влада да разјасни дали веќе е прогласена […]

Пучдемон доби нов рок, треба да одлучи до четврток

октомври 16, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, кој требаше денеска да се изјасни дали прогласил независност на Каталонија или не, има нов рок – четврток до 10 часот. – Господинот Пучдемон има уште една шанса да почне да ја решава оваа ситуација, тој мора да одговори со „да“ или „не“ за тоа дали прогласил независност – изјави вицепремиерката […]

Рахој бара од каталонската влада да разјасни дали прогласила независност или не

октомври 11, 2017

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бара од каталонската влада да разјасни дали Каталонија прогласила независност или не. Рахој рече дека се бара појаснување пред да биде преземена каква било акција, во согласност со членот 155 од уставот на Шпанија. Портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, за „Радио Каталонија“ утрово изјавил […]

Пучдемон ја потпиша декларацијата за независност на Каталонија, Мадрид најави одговор

октомври 11, 2017

Претседателот на каталонската регионална влада, Карлес Пучдемон, доцна синоќа ја потпиша декларацијата за прогласување на независност на Каталонија, но го одложи нејзиното стапување на сила. „Ја создаваме Република Каталонија како независна, суверена, правна, демократска и социјална држава“, се наведува во текстот на декларацијата. Претставник на каталонската влада, по потпишувањето на декларацијата, изјави дека Пучдемон го одложува […]

Страна 1 од 1