петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Маријано Рахој | 15 резултати

Сенатот на Шпанија ја укина автономијата на Каталонија

октомври 27, 2017

Кратко откако попладнево парламентот на Каталонија прогласи независност, Сенатот на Шпанија изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги одзеде овластувањата на сепаратистичките водачи на Каталонија. С0 214 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот за Шпанија се повика на членот 155 од Уставот на […]

Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

октомври 27, 2017

Пратениците на каталонскиот парламент денеска на тајно гласање прогласија независност на Каталонија од Шпанија. Гласањето го бојкотираа пратениците од опозицијата. Каталонскиот парламент гласаше за почнување на конститутивен процес за одвојување на Шпанија со 70 гласа „за“, 10 „против“ и два неважечки, јавува каталонскиот весник „Вангвардија“. Расправата во каталонскиот парламент траеше неколку часа, а ја одбележа остра поделба во […]

По мерките, прв чекор е смена на Пучдемон, порача Рахој

октомври 27, 2017

Шпанскиот Сенат ја почна седницата на која треба да се гласа за смена на владата на Каталонија, откако овој регион на 1 октомври одржа референдум за независност. Сенатот гласа за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија, кој би довел до воведување принудна управа на Мадрид над Каталонија. Во Сенатот во моментов говори шпанскиот […]

Рахој се надева дека мерките против Каталонија нема да траат долго

октомври 25, 2017

Шпанскиот премиер изјави дека плановите на владата да ја преземе контролата над Каталонија и да го спречи обидот за независност се исклучителни и изрази надеж дека тие нема да траат долго. Рахој во парламентот рече дека примената на член 155 од Уставот е „единствена можна“ опција за воспоставување владеење на правото кое, според него, е укинато […]

Пучдемон: Нема да го прифатиме планот на Рахој за директна управа во Каталонија

октомври 22, 2017

Каталонија нема да го прифати планот на шпанската влада за директна управа во покраината, изјави каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, пренесува „Би-би-си“. Пучдемон го опишал планот на Мадрид како најлош напад на каталонските институции од диктатурата на генералот Франциско Франко (1939-1975), за време на која беше одземен автономниот статус на Каталонија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој вчера, […]

Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

октомври 19, 2017

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија. Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од […]

Рахој бара од каталонската влада да разјасни дали прогласила независност или не

октомври 11, 2017

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бара од каталонската влада да разјасни дали Каталонија прогласила независност или не. Рахој рече дека се бара појаснување пред да биде преземена каква било акција, во согласност со членот 155 од уставот на Шпанија. Портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, за „Радио Каталонија“ утрово изјавил […]

Шпанската влада најави замрзнување на автономниот статус на Каталонија

октомври 8, 2017

Владата на Шпанија ќе ги употреби сите уставни мерки за да го замрзне автономниот статус на Каталонија и за да го спречи нејзиното отцепување, изјави шпанскиот премиер Мариано Рахој во интервју за весникот „Паис“. Тој не ја исклучува можноста да го активира членот 155 од Уставот, според кој премиерот може да ја распушти регионалната влада […]

Најмладата жртва во Барселона е тригодишно девојче

август 18, 2017

Меѓу загинатите и повредените во терористичкиот напад во Барселона има државјани од најмалку 24 земји, а најмладата жртва е тригодишно девојче. Шпанската полиција потврдила дека меѓу убиените во Барселона, тројца се Германци и еден Белгиец. Повредените се државјани на Франција, Германија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Унгарија, Перу, Романија, Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Италија […]

Шпанија доби влада по 10 месеци криза

октомври 31, 2016

Шпанскиот конзервативен лидер Маријано Рахој положи заклетва за местото премиер на Шпанија. Рахој ја положи заклетвата пред кралот Фелипе, со што се стави крај на десетмесечната политичка криза во земјата. Маријано Рахој вчера во шпанскиот парламент доби поддршка за состав на новата влада. Се очекува новиот премиер в четврток да го соопшти составот на владата. […]

Шпанските социјалисти го тргнаа ветото за избор на новата конзервативна влада

октомври 23, 2016

Социјалистичката работничка партија на Шпанија одлучи повеќе да не ја блокира и да ѝ го отвори патот на новата малцинска влада во Мадрид, на чие чело вторпат би требало да застане лидерот на конзервативната Народна партија, Маријано Рахој. Со ова, како што пренесуваат светските медиуми, би требало да се стави крај на 10-месечната политичка блокада, […]

Страна 1 од 1