Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. На повеќе места ќе биде повремено значително облачно и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје и во околината се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти со 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температура која е околу просекот за овој период од годината.