fbpx

Малку жени се сопственици на големи и на средни компании во Македонија

-

Во 73 проценти  од македонските големи и средни компании сопствениците се мажи, а 67 проценти се генерални менаџери, додека жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето за родова застапеност на раководни позиции во Македонија, кое Институтот за комуникациски студии во соработка со Институтот „Изида Вита“ од Словенија го реализираше од април до јуни оваа година.

„Клучните пречки зошто жените не се промовираат на највисоките раководни позиции се нивната несигурност во способноста да ја извршуваат таа функција, затоа што работат на социјално одговорни цели и не се фокусирани само на постигнување финансиски цели и тоа што тие се воспитуваат да се грижат за семејството, а не да бидат жени со успешна кариера“, се вели во истражувањето.

Жените испитанички одговориле дека се соочиле со ситуации кога работеле долго време за да завршат некој проект, а потоа маж ја презел заслугата за тоа (18,8 проценти), дека се соочиле со стереотипи дека жените управителки се непријатни и заповедливи (13,8 проценти) или дека кога конкурирале за повисока позиција, работата ја добил маж иако нивното искуство и вештини биле на исто или дури повисоко ниво од неговите (12,8 проценти).

Голем процент од испитаниците сметаат дека родово балансирано управување ќе има позитивно влијание врз работењето на компанијата.

Истражувањето било спроведено на примерок од 1.200 големи и средни компании во Македонија, а во него учествуваа 304 испитаници вработени во компаниите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...