fbpx

Облачно и свежо време, со температура до 23 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо, а ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Во вечерните часови се очекува намалување на облачноста.

Утринските температури се движат од два до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време, облачно и свежо со услови за краткотраен дожд во претпладневните часови. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 21 Целзиусов степен.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето, со свежи утра и повисоки температури во текот на денот. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

Инаку, денеска во 22 часот и две минути во Македонија и на сверната хемисфера на Земјата почнува есента. Во исто време на јужната земјина полутопка почнува пролетта. Во Скопје сонцето изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути. Есента ќе трае до 21 декември кога настапува зимата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...