fbpx

Заев: За кандидатите за градоначалници ќе се водиме според анкетите

-

Кандидатите за градоначалници и советници во општините, СДСМ ќе ги бира според резултатите од анкетите кои се во тек, соопшти денеска премиерот Зоран Заев за време на посетата во Берово.

– Општините во севкупниот живот на граѓаните се сериозен фактор со влијание. Под нив се училиштата, градинките, комуналните претпријатија, допираат во секоја сфера од животот и семејството. Затоа да бидеме паметни, да кандидираме добри кандидати за градоначалници кои се по мерка на граѓаните – рече Заев.

Премиерот додаде дека веќе следните денови ќе се донесат одлуки кои ќе бидат кандидати за градоначалници и советници.

– Среќен сум што има многу кандидати кои претендираат за овие функции во СДСМ што не беше порано така. Но, оние кандидати кои имаат најголема поддршка ќе ја добијат нашата доверба, бидејќи ветивме долг период да бидеме сервис на граѓаните. Анкетите покажуваат дека партиите се од секундарно значење, важни се кандидатите и програмите – додаде Заев.

Премиерот истакна дека очекува регуларни, кредибилни, фер и демократски избори на кои граѓаните ќе ги изберат првите луѓе на општината и советниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Израел оваа недела ги информираше претставниците на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во јужниот град на Газа,...