fbpx

Македонија да знае дека Косово не смее да биде дел од Интерпол и од УНЕСКО, порача Вулин

-

Властите на Македонија треба да ја водат политиката на својата земја, но треба да знаат дека нам многу ни е важно Косово да не биде член на УНЕСКО и на Интерпол, изјави денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

– И Македонија и секоја друга земја треба да знае дека нам прашањето за УНЕСКО и прашањето за влез на Косово во Интерпол ни е од големо значење и сметаме дека Косово не смее и не може да биде дел од тие организации – рече Вулин, додавајќи дека сите земји кои го знаат тоа сфаќаат дека билатералните односи во голем дел зависат токму од овие прашања.

Тој рече дека македонските власти ја водат политиката на својата земја и дека Србија никогаш никому не му поставила препреки за самостојно да одлучува во својата земја, затоа што Србија не дозволува други да одлучуваат во нејзино име.

Во меѓувреме, српската премиерка Ана Брнабиќ, по неформалниот самит на премиерите од Западен Балкан во Драч рече дека им верува на партнерите од регионот и порача дека е особено важно да се држат до договореното. Таа истакна дека евентуалното гласање на Македонија за членство на Косово во УНЕСКО нема да биде во интерес на соработката меѓу Србија и Македонија.

– Зоран Заев рече дека оваа година тоа нема да биде тема, но важно е ако биде тема да се држиме до договореното како оваа, така и следата година. Во секој случај, мислам дека ќе го продолжиме дијалогот. Им верувам на нашите регионални колеги и очекувам сите да го одржат зборот – рече Брнабиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...