fbpx

Димитров и Коѕиас нема да разговараат за спорот за името

-

Спорот со името нема да биде тема на претстојната средба на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Скопје, дознава „Мета“ од добро упатени извори.

Коѕиас во Скопје, вообичаено, ќе допатува со автомобил, за да се избегне слетување на аеродромот „Александар Велики“.

Димитров и Коѕиас следниот четврток повторно ќе разговараат за мерките за градење доверба, а ќе го разгледаат и прогресот на двете работни групи на министерствата за новите мерки за приближување. Сепак, не се исклучува можноста министрите да разговараат и за случајот со македонскиот конзул во Торонто, Јовица Палашевски кој се сликаше со карта на Голема Македонија, што во Грција беше протолкувано како нова провокација.

Посетата на Коѕиас на Македонија доаѓа по посетата на Димитров на Атина, но и по средбите на двајцата министри со специјалниот претставник на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц.

Медијаторот Нимиц за време на својата посета на Скопје во јули изјави дека не треба да се очекува драстични промени во следните месеци, бидејќи владите допрва се запознаваат и оти е прерано да се излезе со дефинитивни предлози за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...