fbpx

Нимиц – Димитров: Сега не е време да се излезе со дефинитивен предлог

-

„Не разговаравме за нови предлози за името ниту, пак, дојдов со конкретен предлог. Разговаравме за самиот процес и за тоа како да се интензивира“, изјави за медиумите специјалниот пратеник на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

На прашање дали постои одреден напредок, поместување во позициите на Грција, Нимиц рече дека потребни се конструктивност и разбирање од двете страни за решавање на проблемот, односно неопходно е страните да се сослушаат една со друга.

Нимиц рече дека не треба да се очекуваат значајни промени во решавањето на спорот во следните неколку месеци, затоа што сега допрва ќе се разгледуваат ставовите на двете страни и додаде дека не е време сега да се излезе со дефинитивен предлог.

Тој рече дека по посетата на Скопје, сепак нема да замине за Атина бидејќи грчкиот министер за надворешни работи имал неодложни обврски поврзани со кипарското прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...