fbpx

Димитров до Рејндерс: На патот кон ЕУ и НАТО ни се потребни пријатели

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретна со белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.

На средбата било разговарано за билатералните односи и било заклучено дека постои простор за подинамична соработка меѓу двете земји.

Министерот Димитров на средбата исто така го презентирал и планот „3-6-9“, чија имплементација ќе го подигне квалитетот на односите со ЕУ и ќе внесе нова динамика во процесот на пристапување.

– Македонија излезе посилна и позрела од кризата. Изминатиот период научивме крупни лекции и сме посветени на нашиот европски и евроатлантски пат. На тој пат ни се потребни пријатели – рече Димитров.

Тој укажа на потребата од интензивирање и диверзификација на соработката на економски план, пред се во делот на трговската размена и белгиските директни инвестиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...