fbpx

Данев: Одлуката за притвор е политичка, а не правна – судот подлегна на притисоците

-

Одлуката на Апелацискиот суд, да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство, е срамна и без никаков издржан правен аргумент, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е доказ дека судот подлегнал на притисоците.

– Одлуката е политичка, а не правна. Медиумите под контрола на СДС ја најавија уште пред да биде официјално соопштена. Тоа доволно говори околу начинот на кој работел судот. Со ваквите одлуки се става крај на правната држава и почнува нарачаниот политички прогон – рече Данев.

Тој истакна дека со одлуката на Апелацискиот суд, се испраќа порака дека сите што нема да ги поддржат „конструираните и политички монтирани обвиненија на СЈО“ ќе завршат во притвор.

– Одлуките што денеска ги донесе судот се без преседан. Луѓето на кои денеска им беше одреден притвор изминатиот период ниту се обидоа да бегаат, ниту на некаков начин ја опструираа истрагата. Одлуките што ги донесе судот се чиста политичка одмазда нарачана од СДС – рече Данев.

Тој им порача на судиите да не мислат дека Зоран Заев е семоќен и дека вечно ќе им дава поддршка, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и дека ќе прави ревизија за незаконското работење и одлучување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...