fbpx

Во Австралија живеат 98.441 Македонец

-

Бројот на Македонците во Австралија во последните пет години се зголемил за околу 5.000 лица, покажуваат најновите статистички податоци на австралиското Биро за статистика.

Според денеска објавените податоци од минатогодишниот попис во Австралија, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, додека според претходниот попис, спроведен во 2011 година, така се изјасниле 93.570 лица.

Сепак, според овие податоци, намален е бројот на Македонците во Австралија кои дома зборуваат на македонски јазик. Според најновите податоци, 66.019 лица одговориле дека дома го зборуваат македонскиот јазик, додека според пописот во 2011 година, нивниот број бил 68.849 лица.

На минатогодишниот попис, 38.985 лица одговориле дека се родени во Република Македонија, додека на пописот во 2011 година оваа бројка изнесувала 40.222 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...