fbpx

Иванов утре во работна посета на Јордан

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, утре ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан, по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и за Северна Африка, што се одржува во Аман.

Претседателот Иванов ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и за Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“.

Во рамки на работната посета, претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со кралот на Јордан, Абдула Втори.

„На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и за Северна Африка е најавено учество на повеќе од 1.000 политички лидери, претставници од бизнис-секторот и од цивилното општество, од повеќе од педесетина држави. Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и на хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и во Либија, како и на актуелната мигрантската криза“, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...