fbpx

Жбогар: НВО во Македонија се мета на обвинувања кои се користат за политички поени

-

Граѓанското општество во Македонија е мета на јавни политички обвинувања кои се користат за политички поени, а граѓанските активисти се дискредитираат и се етикетираат. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во Штип, во рамките на промоцијата на новиот повик на Европската Унија за граѓанските организации во земјава, вреден 5 милиони евра.

– Овој повик доаѓа во време на предизвик за граѓанското општество, кое е мета на јавни политички обвинувања што се користат за политички поени. Поларизацијата на општеството се одразува на граѓанските активисти кои јавно се дискредитираат и се етикетираат, па дури и нивните лични податоци јавно и незаконски се објавуваат, поради што граѓанските активисти се ограничени да учествуваат во проекти. За нас, граѓанското општество продолжува да игра важна улога во промоцијата на вредностите на ЕУ и во транспарентноста и отчетноста на институциите на државата и на локалните власти – изјави Жбогар.

Евроамбасадорот во моментот е на средба со градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, а неговата посета ќе заврши со средба со претставници на невладини организации од Штип и од регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...