fbpx

Хан: Изјавите за промени на границите се неприфатливи и контрапродуктивни

-

Европскиот комесар Јоханес Хан денеска ги отфрли како неприфатливи и контрапродуктивни изјавите на „одредени лидери од Западен Балкан кои имплицираат промени на границите“.

– Изразувам разочарување и, можам да кажам, и лутина поради изјавите на одредени лидери во регионот. Ваквите изјави, кои можат да бидат протолкувани како мешање во соседните земји и имплицираат измена на границите, не се прифатливи и се повеќе од непотребни и контрапродуктивни – рече Хан по средбата со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во Брисел.

Албанскиот премиер Еди Рама неодамна во интервју за порталот „Политико“ рече дека не ја исклучува унијата меѓу Албанија и Косово доколку продолжи да бледее перспективата на земјите во регионот за влез во ЕУ.

На прашање дали таквата изјава е своевиден притисок врз ЕУ за прием на Албанија и на Косово, Хан рече дека тоа е „погрешен впечаток“.

– Доколку некој верува дека таквата изјава може да изврши притисок, тоа е грешка. Таквата изјава може да има само контраефект. Треба да бидат свесни дека Европејците имаат силен интерес за мир, просперитет и за стабилност во регионот, а тоа може да биде постигнато само преку добрососедски односи, каде сите работат заедно и придонесуваат за развој на регионот – рече Хан, притоа повикувајќи ги сите во регионот да се воздржат од таква реторика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...