fbpx

Уапсени седум џихадисти во Шпанија и во Мароко

-

Најмалку седум лица се уапсени во заедничката полициската акција на Шпанија и на Мароко против мрежата за регрутирање жени-џихадистин за радикалната сунитска група Исламска држава (ИСИС).

Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека четири лица се уапсени во шпанските енклави Сеута и Мелила во Северна Африка, а едно лице е приведено во Барселона.

Во рамките на истата операција, мароканските власти уапсиле уште две други лица, во реонот на Кастилехос.
Како што јавуваат шпанските медиуми, четири од уапсените се жени и една е тинејџерка.

Според податоците на шпанското МВР, досега 100 шпански државјани се приклучиле кон џихадистите на ИСИС, додека во Мароко се претпоставува дека нивната бројка достигнува до 2.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...