fbpx

„Метаморфозис“ објави конкурс за поддршка на акции од мрежи на граѓански организации

-

Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ спроведува конкурс за поддршка на акции од мрежи на граѓански организации.

Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти од мрежи на граѓански организации преку доделување шест мали грантови во износ од 1500-2500 евра со цел активно вклучување на граѓаните во работата на локалната самоуправа вo Скопје, Тетово, Дебар, Велес, Штип и Струмица.

Грантовите ќе бидат доделени на граѓански организации регистрирани во Македонија според Законот за здруженија на граѓани и фондации кои ќе претставуваат локални мрежи составени од најмалку пет организации. Намената на грантовите е поддршка за спроведување локални иницијативи насочени кон решавање конкретни проблеми во заедниците со користење на новите технологии за активно граѓанско учество, преку поврзување и влијание на единиците на локална самоуправа, други владини тела и заинтересирани страни. Шесте мрежи ќе бидат вклучени во програма за подигање на капацитетот која опфаќа обуки и менторирање за да можат заеднички поквалитетно да придонесат кон развојот на транспарентност и отчетност на локално и национално ниво.

Крајниот рок за пријавување на конкурост е 19 јануари 2015 година, а се спроведува во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...