fbpx

Времето денеска ветровито, попладне повремен дожд

-

Времето во Македонија денеска ќе биде со магла по котлините и долж Повардарието, а во попладневните часови маглата ќе биде послаба.

Утринската температура ќе се движи од -4 со 3 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 12 степени.

Ќе дува и слаб југоисточен ветер. Преку денот времето ќе биде умерено до значително облачно, а од пладневните часови се очекува повремен дожд, најпрвин во западните делови од земјава, а кон крајот на денот услови за краткотраен дожд ќе има и во другите делови од земјата. Ќе дува и слаб југоисточен ветер.

Во Скопје утрово ќе има магла, која во попладневните часови ќе биде послаба. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на дожд.

Утринската температура ќе изнесува -1 степен, а дневната ќе достигне 5 степени Целзиусови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Правото на глас денес ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата. Според Државната изборна комисија, за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни...