fbpx

Охрид подготвен за новогодишните празници и за гости од целиот Балкан

-

Нецели две седмици пред новогодишните празници, Охрид веќе влегува во празнична атмосфера, украсен во соодветен декор. Традиционалното градско корзо, односно чаршијата, е веќе под илуминациско „ѕвездено небо“, а плоштадот исто така. Сите улици кои влегуваат во плоштадот, езерскиот кеј, украсните дрвца во парковите, се новогодишно уредени.

За „најлудата ноќ“ на охридскиот плоштад, локалната самоуправа и годинава организира прослава на отворено. Ќе пее позната македонска ѕвезда, чие име засега не се открива.

– Шест дена последователно ќе имаме забавна програма на плоштад. Во деновите пред дочекот на Новата година, ќе биде пополнета со изведувачи од основните училишта, како и музички изведувачи од градот кој ќе ја збогатат програмата – вели Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.

По сè изгледа ќе има и кој да го види вкусно украсениот Охрид. Од хотелските капацитети стигнуваат информации за солидна исполнетист. Хотелот „Гранит“, до овој момент ги резервирал капацитетите за некаде 70 до 80 проценти. Располага со 250 легла.

Во „Метропол“ и во „Белви“ чинат 147 евра за едно лице, а четирдневните се продаваат по 177 евра.

– Задоволни сме од интересот на гостите од соседните земји, а домашниот пазар годинава стагнира. Исполнети се 280 соби. За дочекот на Новата година остануваат мал број слободни места во ресторанот на хотелот „Метропол“, каде сè уште можат да резервираат локалните жители – вели Атанас Николоски од комплексот „Метропол-Белви“.
Во хотелот „Инекс“, тридневните аранжмани чинат 145 евра за едно лице, четиридневните 165, а цената на петдневните аранжмани е 185 евра.

Во „Силекс“ велат дека нивниот капацитет ќе биде стопроцентно искористен. Цената на дводневните аранжмани во „Силекс“ изнесува 119 евра, а на тридневните 145 евра. Гостите за дочекот на Новата година во овој хотел ќе ги забавуваат групата „Академци“ и Кирил Митоски.

– Годинава ќе имаме гости од Полска, Бугарија и од Македонија. Голем интерес покажаа и туристи од Црна Гора, но со оглед на тоа што уште на почетокот од месецов беа распродадени аранжманите, а тие не резервираа навреме, нема да бидат наши гости – вели управителот Тоше Чочороски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...