fbpx

Србија не се откажува од барањето за испорачување на Харадинај

-

Владата на Србија денеска соопшти дека нема да се откаже од барањето за испорачување на еден од поранешните команданти на ОВК, Рамуш Харадинај, тврдејќи дека има 30 нови сведоци и проширена истрага против него.

– Се надеваме дека француските правосудни органи постапуваат професионално и во склад со меѓународните закони и дека ќе ни го испорачаат Харадинај за постапката против него да заврши пред органите на Србија – рече министерката за правда на Србија, Нела Кубуровиќ, на прес-конференција по седницата на владата која беше посветена на случајот со Харадинај.

Според нејзините зборови, Србија на Франција ѝ испратила „три големи регистри“ во кои се наоѓаат исказите на сведоците, ДНК-анализи, потврди за смрт, како и правосудни пресуди од судот во Белград. Таа рече дека Србија го товари Харадинај за злосторства сторени во текот на 1999 година над цивилно население, додека Хашкиот трибунал го ослободи по обвиненијата за дела во периодот од март до септември 1998 година.

Директорот на канцеларијата на владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ, рече дека на барањето на Србија за испорачување на Харадинај се наоѓаат работи кои не се спомнати во Хашкиот трибунал и за кои Харадинај таму не суден.

Тој рече дека во обвинувањата против Харадинај се наведени убивања и силувања, но не само на Срби, туку и на лица од други националности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...