fbpx

Политичка стабилност за кризата да заврши, посака Груевски во новогодишната честитка

-

И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна годинa, но и покрај политичката криза добро е што ја зачувавме економската стабилност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новогодишната честитка до граѓаните.

– Сите нам и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на стандардот во 2017 година. Секој од нас, политичарите од различните политички партии, треба да извлече поука од пораките што граѓаните ги испратија на последните избори и да се фокусираме да направиме најдобро за земјата и за сите граѓани во неа – вели Груевски.

По формирањето влада, рече тој, треба да се работи на економски план, на реформите во сите области, како и на остварување на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ.

– Треба да се потиснат напорите за надворешни влијанија чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и на граѓаните – порача Груевски во честитката.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им посака добро здравје и среќа и да си ги остварат своите зацртани цели и планови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...