fbpx

Кери и Лавров разговараа за Украина и за Алепо

-

Американскиот државен секретар, Џон Кери, синоќа соопшти дека со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, разговарале за Украина и за „сите аспекти“ на ситуацијата во Алепо, вклучувајќи ги и обновените воздушни удари во овој сириски град.

Во изјава за новинарите по разговорите, кои на само ги имал со американскиот колега за време на самитот АПЕК во Перу, Лавров негираше дека руската војска неделава извела воздушни напади во Алепо.
– Нашите и сириските воздухопловни сили дејствуваат само во провинцијата Идлиб и во Хомс за да ги спречат припадниците на Исламска држава од Мосул да прејдат во Сирија – рече Лавров.

Тој не одговори на прашањето каква е иднината на нуклеарниот договор со Иран, во чие постигнување посредуваше Русија, откако Доналд Трамп вети негово поништување, ако стане претседател на САД.

Во воздушните удари и гранатирања на Алепо, кој е во раце на бунтовниците, неделава се убиени десетина лица, тврдат набљудувачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...