fbpx

ОН го продолжи рокот на истрагата за употреба на хемиско оружје во Сирија

-

Советот за безбедност на Обединетите нации го продолжи за една година мандатот на истражителите задолжени да ја утврдат одговорноста за нападите со хемиско оружје во Сирија. Резолуцијата, која ја предложија САД, едногласно е усвоена.

Документот го поддржаа сите членки на Советот за безбедност, вклучувајчи го и сојузникот на Дамаск, Русија.

Организацијата за забрана на хемиско оружје и Обединетите нации во заедничка истрага утврдиле дека сириската влада и екстремистичката организација Исламска држава користеле хемиско оружје, со што го прекршиле меѓународното право.

Сириската влада ги негира наводите за употреба на хемиско оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...