fbpx

Дипломатски судир меѓу Грција и Албанија за комунален проблем во Химара

-

Жителите на Химара, град во Југозападна Албанија, минатата недела протестираа против намерата да им се урнат куќите за да се изгради булевар.

Протестите ги поддржа и грчкото министерство за надворешни работи, кое преку декларација побараа албанските власти да се консултират со сопствениците на куќи пред тие да се урнат.

Во декларацијата се вели дека „заштитата на правата на сопственост, особено на правата на малцинствата, се важни критериуми од петте услови поставени од ЕУ, за почеток на преговори со Албанија за членство во Унијата“.

Албанските власти одговорија дека грчкото МНР има цел „да ги наруши одличните односи меѓу албанската популација и грчкото малцинство, кои се третираат како еднакви и ги имаат сите права“.

Албанскиот премиер Еди Рама отиде подлабоко со реакцијата и на својот профил на „Фејсбук“, стави карта од Атина од 1670 година, посочувајќи наводни албански корени на главниот град на Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...