fbpx

#Одговорност е градот да не изгледа како голема канта за отпадоци

-

Недостигот од канти за отпадоци е голем проблем со кој се соочува скопската општина Чаир. Во нивно отсуство, ѓубрето смрди низ улиците на главниот град.

Граѓаните што живеат во овој реон ги обвинуваат Општината и претпријатието за комунална хигиена дека го занемаруваат проблемот, но, исто така, и неодговорните граѓани.

На главните улици воопшто нема канти за отпадоци, а и некои што биле поставени се оштетени или веќе и не постојат.

Исто така, нивното отсуство се забележува и на автобуските постојки во оваа општина, каде што тие што чекаат автобус ги фрлаат отпадоците на земја, создавајќи, на тој начин, една грда слика за градот и за општината.

– Ги поставија пред неколку години, но не знам што се случи со нив. Исчезнаа, ги запалија, ги украдоа… Не знаеме… Но, и граѓаните се невнимателни, бидејќи кога гледаат дека нема каде да го фрлат отпадокот, треба да го задржат кај себе додека не најдат каде да го фрлат – велат жителите.

Со овој проблем не се соочуваат само жителите на Скопје, туку и на другите градови во Македонија, особено тие од Тетово и од Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последици од невремето: поплавени куќи и подруми, паднати дрва, уништени автомобили

По вчерашното невреме што ги зафати Скопје, Гостивар и Тетово околу 16.30 часот, од Центарот за управување со кризи (ЦУК), информираа дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи...