fbpx
Таг: Одговорност е

таг: Одговорност е

#Одговорност се шахти со капаци

Тоа што годишно во отворени шахти пропаѓаат и се повредуваат по десетина деца и возрасни граѓани или, пак, страдаат возилата, како да не е доволна причина локалната власт и полицијата посериозно да се позанимаваат со оваа појава. Не само пешаците, туку и возила завршуваат во отворените шахти, кои станаа секојдневна слика присутна, буквално, на секој чекор во градот. Од ЈП...

#Одговорност е јавен увид во анкетните листови на функционерите

Минатата година на адреса на Комисијата за спречување на корупоција стасале 552 анкетни листови по избор и по именување на функција, а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба. Експертите велат дека достапноста до анкетниот лист на поранешните функционери е непоходна бидејќи само така јавноста може да направи споредба дали и колку се променила имотната...

#Одговорност е да нема диви депонии

На дел од незаградената површина која порано беше база на „Комунална хигиена – Скопје“ во населбата Дуќанџик, веднаш до улицата на која има многу куќи, и по акциите од кампањата „Македонија без отпад 2016“ има дива депонија, на која е натрупан шут, разни крупни предмети, но и ситен отпад од домаќинства и од работилници. Така некој „го решил“ својот...

#Одговорност е да се оддалечат коцкарниците од училиштата и од населените места

Сведоци сме на големото распространување на објектите за игри на среќа, при што во последно време тие може да се забележат на секое ќоше во земјава, почнувајќи од обложувалниците, па сè до казината. Овие објекти, освен што го осиромашуваат народот, особено се опасни за малолетните деца бидејќи создаваат зависност. Во приницип, игрите на среќа се дозволени во Македонија, и како...

#Одговорност е кога властите одговараат на ненарачани новинарски прашања

Во оваа наша македонска сага, секојдневно имаме ситуции кога некои од новинарите наместо да го штитат јавниот интерес,  со еден сервилен и апологетски пристап ја воспеваат власта. Па, во еден таков целосно изместен вредносен амбиент, јавноста гледа, односно чита славопојки за владејачката партија, наместо коректно интервју со задолжителна професионална дистанца. Сведоци сме како прес-конференциите на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но...

#Одговорност е Битола да не биде најзагаден град во Македонија

Почнува грејната сезона, а битолчани ги чекаат информациите за тоа каков воздух дишат и колку често се задушуваат во смог. Чадот, мирисот на изгорено, маглата, стануваат секојденевие. Граѓаните се жалат на тешкотии при дишењето, очите печат, грлото гребе… Има денови кога битолчани се изложени на висока концентрација на честички ПМ10, кои ја надинуваат дозволената концентрација во воздухот дури и до дваесет пати. Годишните...

#Одговорност е јавната администрација да не се третира како гласачка машина

Дел од „бомбите“ што минатата година ги објави опозицискиот СДСМ, го открија тоа што многумина го знаеја: голем дел од администрацијата, што од послушност, што од немај-каде, од пусти страв да не остане „без парчето леб“, гласа така како што ќе наложи партијата на власт. Небаре сме во времето на еднопартизмот. Само за илустрација, во седмата „бомба“, во разговори...

#Одговорност е канализациска мрежа, а не септичка јама

Пребарувањето по интернет со зборовите „без канализација“ и слични формулации дава поразителни резултати: освен за значителен број села и помали места во Македонија, фекалната канализација во втората деценија на 21 век е фантазија и за делови од градското јадро на Скопје! Според публикацијата на Државниот завод за статистика, „Статистика на животна средина, 2015“ во која се користени податоци од пописот во...

#Одговорност е градот да не изгледа како голема канта за отпадоци

Недостигот од канти за отпадоци е голем проблем со кој се соочува скопската општина Чаир. Во нивно отсуство, ѓубрето смрди низ улиците на главниот град. Граѓаните што живеат во овој реон ги обвинуваат Општината и претпријатието за комунална хигиена дека го занемаруваат проблемот, но, исто така, и неодговорните граѓани. На главните улици воопшто нема канти за отпадоци, а и некои што...

#Одговорност е учебници без грешки, говор на омраза и без навреди

Многу нелогичности, како и стручни, јазични и дидактички грешки честопати се забележуваат во учебниците за основните и за средните училишта, па дури и во тие што се користат на факултетите. Изминативе години имаше повеќе скандалозни случаи со литература за основци, средношколци, па и за студенти, во која има смешни дефиниции, погрешни равенки, збунувачки материјали и содржини кои се сосема несоодветни за...

#Одговорност е да нема улички на смртта!

Брзата помош и пожарната не можат да пристапат низ тесните улички во повеќе градски населби, како скопски Чаир, тетовските и кумановските населби. Жалбите на граѓаните кои се во ризик се многубројни затоа што во случај на несреќи, пожари и други ситуации во кои е неопходна итна интервенција, самите жители се оштетени. Возилата за итни интервенции не можат да пристапат до некои од овие...

#Одговорност се рампи за лицата со телесен инвалидитет

Во Македонија, во 21 век, лицата со физички хендикеп не само што сè уште имаат тешкотии да влезат во некои објекти, туку, да биде иронијата поголема, најголем проблем имаат да пристапат во образовните институции и тоа можат да го сторат само на првиот кат! За непоставени пристапни рампи за лица со посебни потреби, државата може да земе максимална сума од...

#Одговорност е да не се дозволи труењето на граѓаните

Канцерогените честички ПМ10 во воздухот во Тетово и понатаму се присутни во големи количества. Од 2009 година, Тетово и околните села дишат загаден воздух, во кој нивото на ПМ-честичките неколкупати ја надминува дозволената граница. Само во 2015 година, во Тетово воздухот беше загаден дури 260 дена. За загадениот воздух во Тетово, граѓаните, меѓу другите, ја обвинуваат и фабриката „Југохром“ и...

#Одговорност е издавање функционални здравствени картички

Електронските здравствени картички, за џабе потрошени милиони. Огромниот проект за електронските картички имаше цел да ги замени постојните здравствени книшки со електронски картички што би функционирале со посебен електронски систем, меѓутоа тоа не се случи и проектот пропадна. Електронските картички веќе неколку години се користат само наместо сини картони, а Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) неколкупати ги има пречекорено роковите за изработка...

#Одговорност е oбиколница што не предизвикува поплави

Скопската обиколница во поплавата што ги погоди североисточните делови на Скопската Котлина на 6 август годинава, се претвори во апокалиптичен соучесник на надојдените води. Кај Стајковци таа насобра вода која однесе човечки животи и нанесе огромни штети на објекти и на автомобили и засекогаш го измени животот на илјадници жители на Стајковци и на другите населени места во близината. Воопшто...

#Одговорност е брзата помош навистина да е брза

Бројот на повици и на интервенции во Итната медицинска помош во просек е околу 70 дневно, но има денови кога помош бараат и повеќе од 130 лица. Просечното време на пристигнување на екипата за брза помош по повик во Скопје е 38 минути. Ова не важи ако повикот е упатен во време на најголемиот метеж во текот на денот –...

#Одговорност е улици и патишта без дупки

Дупки на улиците има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да искомуницираат, да се информираат и да се предупредат меѓусебно за некоја нова или некоја стара, ама особено длабока дупка. Колку и да внимаваме, последниве години веќе сè е залудно - улиците во Скопје се кратер до кратер! Избегнуваш една дупка,...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...