fbpx

Советниците од Битола се раскараа и се мајтапеа за двојазичноста

-

Наместо дискусија за ребалансот на буџетот на Општина Битола, советниците од власта и од опозицијата на денешната седница се скараа за двојазичноста. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Хаџиев, селата и улиците во Битолско, од говорницата, ги изговараше на македонски и на албански јазик. Тоа предизвика реакции од сите советници.

– Ќе се инвестира во селото Лопатица или на албански „Лопатич“. Ќе се асфалтира улица Широка или „Игера“. Вака би звучело кога Македонија би била двојазична според заложбите на Заев – рече Хаџиев.

Советникот од СДСМ, Горан Козаров, му упадна во говорот и почна да дофрла и со имињата и на бугарски и на грчки јазик.

Советникот од турска националност, Иса Ибиш, коалиционен партнер на владејачката партија, прашан како ги толкува провокациите за двојазичност, рече дека како Турчин ќе бара тројазичност во државата.

На крајот, советничката од СДСМ, Наташа Петровска, ја затвори дискусијата велејќи дека е добро советниците од власта да го прочитаат Законот за јазиците бидејќи, како што рече, очигледно гледаат само еден телевизиски канал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...