fbpx

Села: Во декември се стемнува рано, па и изборите нема да бидат фер и демократски

-

„Во декември ќе се гласа во темнина, бидејќи од 16 часот се стемнува, а во ваква ситуација, кога поголемиот дел од лидерите на политичките партии и функционерите се во ризик дека ако ги изгубат изборите ќе завршат во затвор, влегуваат во избори со одбранбен инстинкт, така што тие нема да бидат фер и демократски“, вели Зијадин Села од Движењето за реформи – ДПА во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

Според Села, не може да се реши политичката криза бидејќи судството е комплетно политизирано.

– Нашите ставови се јасни уште од почетокот, кога избувна оваа политичка криза со прислушувањето. Ние на првото централно собрание на нашата партија, како движење за реформи, имавме јасен став. Повикавме во Македонија да дојде европското судство, од типот на ЕУЛЕКС. Веќе од тогаш ни беше јасно дека само преку едно специјално јавно обвинителство не може да се решава политичката криза, имајќи го предвид фактот дека судството е комплетно политизирано и корумпирано. Тоа е реалноста во Македонија. Од друга страна, тоа има придонесено граѓаните да не веруваат во правниот систем. Единствен начин за да се врати довербата во правниот систем е независно судство, кое ќе дојде од странските држави. И стоиме уште на тоа дека само на таков начин ќе се врати правдата во државата и дека криминалците ќе завршат в затвор и народот ќе се ослободи – вели Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...