fbpx

Уапсен директорот на косовската полиција

-

Српската полиција го уапсила директорот на косовската полиција за областа Митровица, Нехат Тачи, а причините за апсењето засега не се познати.

Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџа, изјави дека Тачи бил уапсен синоќа, нешто по полноќ, на преминот Бела земја кај Бујановац.

Според неговите зборови, Тачи преку територијата на Србија патувал кон една западноевропска земја со автомобил. Тој не кажа која е причината за апсењето.

Според информациите што ги објави приштинска „Газета експрес“, Тачи бил уапсен на патот за Ниш, каде што денеска требало да се појави во Основниот суд за да присуствува на судски процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...