fbpx

Хакерски напад на електронската пошта на СЈО

-

Електронската пошта на Специјалното јавно обвинителство во декември минатата година била мета на хакерски напад, открива видеозапис објавен на каналот „дугата раката на дмпне Началник пете управе“, на видеосервисот „Јутјуб“. Упадот во е-мејлот го потврдија и од СЈО и најавија дека ќе преземат мерки за расчистување на случајот.

Во видеоснимката се гледаат е-мејлови на новинари кои бараат акредитација за следење на прес-конференциите на СЈО, но и службена комуникација на тимот на Јанева со други лица.

„Во текот на декември 2015 година, беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронската пошта. Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот. Меѓутоа, со оглед дека со објавата на „Јутјуб“ јасно е изразена целта на упадот во нашата електронска пошта, Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот“, велат од СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...