fbpx

СЈО денеска со детали за новата истрага „Трезор“

-

Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага која носи работен назив „Трезор“ и за која детали ќе соопштат денеска на прес-конференција во 10 часот.

– Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор“ – информираа вчера од СЈО.

На последната прес-конференција на 15 септември, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го презентираше шестмесечниот извештај на институцијата, а обвинителката Фатиме Фетаи ги презентираше првите две обвиненија. Едното обвинение се однесува на уништувањето документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а второто за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...