Во сообраќајна несреќа во Непал загинаа 14 патници, а деветмина се повредени кога автобус преполн со патници излета од пат, изјавија официјални лица од областа Дадинг.
Автобусот превезувал луѓе и на покривот кога излетал од патот и паднал во провалија долга околу 300 метри.
Спасувачите дошле на местото на несреќата, а од Катманду бил испратен хеликоптер за да им помогне на повредените.
Сообраќајните несреќи во Непал се честа појава, а причините се лошите патишта и неодржуваните возила.