fbpx

Одложено судење на Савески и на Куновски, судот чека податоци од МВР

-

Судијката Весна Петровска-Тагасовска денеска го одложи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, за време на протестите, ден по неговата одлука за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници.

Рочиштето е одложено бидејќи, како што пренесува „Академик“, судот ги чека податоците од МВР за прекршочните постапки што се водат за истото дело.

Судењето е презакажано за 18 октомври. Јавното правобранителство процени дека штетата на канцеларијата на Иванов изнесува 522.000 денари или околу 8.500 евра.

Савески пред Кривичниот суд изјави дека иако судот им ги вратил пасошите, сè уште не им е тргната забраната за напуштање на државата, што, според него, е изживување на полицијата врз борците за слобода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...