Таг: Народна канцеларија
таг: Народна канцеларија
Повторно одложено судењето на Савески и на Куновски од Левица
Поради болест на Владимир Куновски, кој заедно со Здравко Савески се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска повторно беше одложено рочиштето од судењето на двајцата членови на Левица, пренесува „24 Вести“.
Судењето е презакажано за 18 јануари следната година.
Инаку, Савески и Куновски се товарат дека на 13 април учествувале во демолирањето на народната...
Одложено судење на Савески и на Куновски, судот чека податоци од МВР
Судијката Весна Петровска-Тагасовска денеска го одложи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, за време на протестите, ден по неговата одлука за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници.
Рочиштето е одложено бидејќи, како што пренесува „Академик“, судот ги чека податоците...
Судот им ги врати пасошите на Савески и на Куновски
Судијката Весна Петровска-Тагасовска на денешното рочиште на членовите на Левица, Владимир Куновски и Здравко Савески, на барање на одбраната, им ги укина превентивните мерки, јави „Академик“.
Освен укинување на превентивните мерки, одбраната побара и дополнително време за разгледување на новите докази, кои на денешното рочиште ги достави Обвинителството.
Обвинителството до судот и до одбраната достави докази – имотен лист и одлука...
Судот им го укина куќниот притвор на Савески и на Куновски
Кривичниот суд им го укина куќниот притвор на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов на протестите против аболицијата од 13 април.
Куновски, кој од судот излезе видно возбуден, во име на Левица се заблагодари на, како што ја нарече, „партијата во стечај ВМРО-ДПМНЕ“, затоа...
Повторно одложено рочиштето на членовите на Левица
Денешното судење на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Следното рочиште е закажано на 10 јуни.
Одбраната се уште не го добила вештачењето поради тоа што не може да ја подготват листата на докази.
Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е важен елемент за тие да можат...
Судот им го продолжи куќниот притвор на Савески и Куновски од Левица
Кривичниот суд денеска им го продолжи куќниот притвор за уште 30 дена на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестите против аболицијата од 13 април.
Судскиот процес против Савески и Куновски на два пати беше одложуван, а следното рочиште е закажано за 31 мај.
Тројца демонстранти,...
Условни казни за уште двајца демонстранти за демолирањето на канцеларијата на Иванов
Кривичниот суд на денешното рочиште им одреди условни казни на Никола Аризанов и Филип Наковски, кои беа обвинети дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите против аболицијата на 13 април, оваа година.
Аризанов и Наковски ја признаа вината за делото учество во толпа која ќе стори кривично дело. Тие додадоа дека на...
Судењето на Савески и Куновски одложено, адвокатите сè уште не го добиле вештачењето
Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е повторно одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено.
Недоставеното вештачење, како што пренесува „Академик.мк“, е една од причините за одложување....
Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов
Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело.
Пресудата, како што пренесува „Академик.мк“, е донесена откако Ефтимов ја признал вината за кривичното дело учество во толпа што ќе...
Вкупната штета од демолирањето на канцеларијата на Иванов е 8.500 евра
Околу 8.500 евра е вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април. Оваа сума е утврдена со вештиот наод и мислење што ги изработи Бирото за судски вештачења, а изнесува 522.000 денари или 8.487 евра.
Застапникот на Државното правобранителство на денешното рочиште на Филип Наковски и на Никола Аризанов, првите демонстранти обвинети за демолирање...
Биро за судски вештачења ќе ја утврдува штетата од демолирањето на канцеларијата на Иванов
Колкав е износот на штетата што ја направиле демонстрантите при демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје на протестите против аболицијата од 13 април, ќе утврдува Биро за судски вештачења.
Ова, како што пренесува „Телма“, било одлучено на денешното рочиште од судскиот процес против демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски, чиј почеток третпат е одложен.
Претходно судијката што...
Одложено судењето на двајца демонстранти за кршењето на канцеларијата на Иванов
Судењето на Никола Аризанов и на Филип Наковски, кои се товарат дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов, денеска повторно е одложено на барање на Основното јавно обвинителство.
Причината за одложувањето на рочишето, како што пренесува „Телма“, е недоволното време за да се изврши проценка кој демонстрант колкава штета предзивикал при демолирањето на канцеларијата.
Вчера судијката што го води...
МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов
Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, соопшти попладнево МВР.
Против Савески...
Демолирана народната канцеларија на Иванов во Тетово
Утринава околу 5.50 часот демолирана е народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во Тетово.
Според Секторот за внатрешни работи Тетово, непознати сторители фрлиле тврди предмети кон изложните стакла и кон вратата на канцеларијата, која се наоѓа на улицата Борис Кидрич, во центарот на градот.
Како што информираат од полицијата, биле фрлени и неколку јајца во внатрешноста на објектот.
Екипи на...
Куќен притвор за две лица поради демолирањето на канцеларијата на Иванов
Единицата за насилен криминал на скопската полиција поднела кривична пријава против две лица, осомничени дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за време на протестот што се одржа во средата против одлуката на претседателот да аболира 56 лица против кои се водат кривични постапки поврзани со незаконското прислушување.
Како што соопшти МВР, станува збор...
Се расчистува просторот кај народната канцеларија на Иванов
Десетина работници денеска го расчистуваат просторот околу народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на градот, која беше демолирана на вчерашните протести.
Екипите го собираат стаклото од тротоарот и ја расчистуваат внатрешноста на канцеларијата.
Се суредува и просторот околу и во Министерството за правда, каде што беа искршени неколку прозорци.
На вчерашните протести против одлуката на Иванов да ги аболира сите политичари против...
Демолирана канцеларијата на Иванов, полицијата ги гони демонстрантите низ градот
Граѓаните што протестираат против одлуката на претседателот на Ѓорге Иванов за помилување на политичарите, од Собранието повторно се вратија пред народната канцеларија на претседателот и со камења го демолираа објектот.
Откако ги искршија сите стакла на објектот, демонстрантите влегоа во канцеларијата и ги искршија и компјутерите, масите и столовите. Тие извикуваат „Нема правда, нема мир“.
Полицијата ги блокираше сите приоди кон штабот на...
Демонстрантите фрлија димна бомба пред народната канцеларија на Иванов
Групата демонстранти пристигна пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на градот и канонада од јајца завршија врз стаклата на објектот. Демонстрантите фрлија и димна бомба која не предизвика никаква материјална штета. Кон канцеларијата, граѓаните фрлаа и камења. Полицијата не дозволува демонстрантите да се доближат до објектот.
Неколку стотици граѓани втор ден протестираат против одлуката на претседателот да ги помилува политичарите за кои...