fbpx

Спасовски: Се потврди дека во избирачкиот список има фантомски гласачи

-

По завршувањето на рокот за пријавувањето на спорните гласачи, се потврдија сите тези на Социјалдемократскиот сојуз и на опозицијата дека во Македонија има фантомски гласачи, запишани гласачи во избирачкиот список коишто се злоупотребуваа за време на изборниот процес, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски при посетата на Струга.

Според него, со тоа што се докажало дека околу 30 илјади избирачи не постојат, се потврдила тезата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сериозно го злоупотребувале избирачкото право на граѓаните на досегашните избори.

– Имајќи предвид дека и дополнителни 172 илјади избирачи се запишани на посебен извод на избирачки список затоа што се наоѓаат надвор од земјава, се констатира дека во Македонија имаме околу 1.500.000 избирачи. Тоа се, реално, избирачи кои се во Македонија и кои можат да го искористат сопственото избирачко право тука. Ова покажува дека нема да имаме идеален избирачки список, меѓутоа, ќе имаме далеку подобар избирачки список од оној што го имавме досега – додаде Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...