fbpx

СДСМ: Новинарите предложени во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност

-

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение информира дека новинарите кои се предложени од опозицијата во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност.

„Ве уверуваме дека и идниот уредник на информативната програма на МТВ ќе биде независен и непартиски, искусен, докажан и почитуван новинарски професионалец“, стои во соопштението.

Од таму велат дека по јавниот повик што го објави Соцјалдемократскиот сојуз пристигнале повеќе од 20 кандидатури за избор во ад хок телото.

„Сигурни сме дека Костовски и Трпеновски како докажани професионаллци за коишто секогаш интересот на јавноста е врвен приоритет со успех ќе одговорат на овој исклучително сериозен и одговорен предизвик“, се заклучува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...