Четиригодишно дете од Струмица со симптоми на западнонилска треска било примено на Клиниката за детски болести.
Од Клиниката велат дека детето не било надвор од Македонија, дури и во период од месец дена не било надвор од Струмица. Вирусот кај детето не оставил посериозни компликации, но сè уште е хоспитализирано на клиниката.
Ова е прв случај на западнонилска треска годинава во Македонија. Претходно во земјава беа регистрирани и неколку смртни случаи од ова заразно заболување.
Болеста ја пренесуваат обични комарци. Комарците се заразуваат од птиците преселници, но и од гавраните и од чавките.