Имиграцијата на државјани од земјите членки на Европска Унија во Германија достигна рекордно ниво. Лани, во Германија се доселиле 685.485 државјани на Романија, Полска и на Бугарија, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на официјални статистички податоци.
Во Германија во најголем број се доселиле Романци (174.779), Полјаци (147.910), Бугари (71.709) и Хрвати (50.646).
Како најголема економска сила во Европа, Германија има многу ниска стапка на невработеност, која изнесува 6,1 отсто и е пожелна дестинација за граѓаните од другите држави, кои бараат подобри услови за живот.