понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: државјани | 20 резултати

МНР: Нема наши државјани заболени од корона вирусот

јануари 27, 2020

Согласно информациите добиени од нашето дипломатско-конзуларно претставништво ДКП во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. „Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош. Министерството […]

Во Полошко полицијата привела 48 странски државјани со нелегален престој

ноември 14, 2018

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска од полноќ до 2 часот и 30 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Таму биле затекнати осум женски лица, од кои пет од Република Албанија и три македонски државјанки. Албанските државјанки на возраст од 25 до 45 години, кои во објектот […]

Стапи на сила забраната за патување на Американци во Северна Кореја

септември 2, 2017

Стапи на сила забраната за американските државјани да патуваат во Северна Кореја. Властите соопштија дека граѓаните може да бараат исклучоци, но дека малку од нив ќе добијат. Забраната за патување во јули ја најави државниот секретар, Рекс Тилерсон, по смртта на американскиот студент Отоа Вармбир, осуден во Северна Кореја затоа што украл пропаганден плакат. Американците […]

Државјаните од земјите што ги прекинаа односите со Катар, може да останат во таа држава

јуни 11, 2017

На државјаните на земјите што ги прекинаа односите со Катар, ќе им биде дозволено да останат во таа држава, јавуваат странските медиуми. „Доха нема да преземе никакви мерки против оние граѓани што потекнуваат од државите што ги прекинаа или ги ограничија дипломатските односи со Катар“, се вели во соопштението објавено во странските медиуми. Оваа одлука ќе влијае на повеќе […]

Федералниот суд привремено го суспендираше указот на Трамп

јануари 29, 2017

Судија во американскиот Федерален суд привремено ја запре депортацијата на луѓето со визи или на бегалци, кои останале заробени на разни аеродроми низ светот, по најновиот указ на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека државјани од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен не можат да влезат во САД. Одлуката била донесена врз основа на тужбата […]

Трамп потпиша указ со кој во САД се забранува влез на државјани од седум муслимански земји

јануари 28, 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се забранува влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. При потпишувањето на указот, Трамп изјавил дека неговата администрација сака поригорозен надзор над бегалците и над посетителите од одредени земји за да се спречи терористички напад. Тој додаде дека САД […]

Бугарија бара укинување на визите од Канада за да го поддржи трговскиот договор со ЕУ

октомври 20, 2016

Бугарија нема да го поддржи трговскиот договор меѓу Европската Унија и Канада (ЦЕТА) без да има гаранции од канадската влада дека ќе ги укине визите за бугарските државјани. Одлуката била донесена на седница на бугарската влада. Со тоа бугарската влада ќе ги брани своите интереси на Самитот во Брисел, кој се одржува денеска и утре. Ова […]

Во Германија се доселиле рекорден број државјани од земјите членки на ЕУ

јули 2, 2016

Имиграцијата на државјани од земјите членки на Европска Унија во Германија достигна рекордно ниво. Лани, во Германија се доселиле 685.485 државјани на Романија, Полска и на Бугарија, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на официјални статистички податоци. Во Германија во најголем број се доселиле Романци (174.779), Полјаци (147.910), Бугари (71.709) и Хрвати (50.646). Како најголема економска […]

Нови апсења на шверцери на бегалци во Грција

јуни 22, 2016

Тројца Бугари и еден Словенец се уапсени во Грција поради обид за нелегално пренесување бегалци и мигранти преку грчко-македонската граница. Вчера грчката полиција во близина на Кукуш откри комби со 25 бегалци од Авганистан, Пакистан и од Сирија, кое се движело во насока на македонската граница. Бегалците биле откриени при рутинска проверка на возилата. Возачот […]

ДИК: Македонија има вкупно 2.464.266 државјани

мај 11, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои извештајот за податоците од регистарот на државјани (лица со македонски пасош) на Министерството за внатрешни работи (МВР), според кој Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или, вкупно, 2.464.266 државјани. Инаку, ако денеска до полноќ, кога истекува последниот рок за доставување листи на кандидати за […]

Груевски: На избори не гласаат адресите, гласаат државјани на Македонија

март 10, 2016

Гласачи на избори се сите лица што имаат државјанство, а не тие што живеат на онаа или оваа адреса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека СДСМ се обидува вештачки да создаде привид дека има некаков хаос и неправилности во избирачкиот список. Според Груевски, актуелниот избирачки список е истиот во последните 20, 30 и повеќе […]

Преполните станови открија зошто сме имале 1,8 милиони гласачи на 2 милиони народ

март 9, 2016

Со откривањето на преполните згради, станови, влезови и куќи со фантомски гласачи, стана јасно како беше можно во земја со 2 милиони жители да има 1,8 милиони гласачи на избирачкиот список. Енигмата ја „откри“ веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список, а пред тоа ја навести во анализата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој напиша дека Македонија има 2,4 […]

МВР вчера издало потврди на 179 мигранти

март 5, 2016

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 179 мигранти. Според државјанството, потврди се издадени на 150 државјани на Сирија и на 29 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан. Од први јануари до вчера издадени се вкупно […]

Според пописот на Илија Димовски, Македонија има 2,4 милиони државјани

февруари 18, 2016

Македонија има 2,4 милиони жители, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во колумна за „Дневник“ насловена „Факти за Mакедонците од Пустец“. Тој својата теза ја поткрепува со податокот дека избирачкиот список се подготвува врз база на регистарот на државјани на Република Македонија, кој го води Министерството за внатрешни работи (МВР), а во него бројот на […]

Вчера МВР издало потврди на 1.817 мигранти

февруари 11, 2016

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 1.817 мигранти. Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Авганистан, вкупно 641 лица, од Сирија се 826, а од Ирак – 350 лица. Од почетокот на годината до вчера биле […]

Издадени 1.590 потврди на странски државјани

ноември 18, 2015

Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.590 странски државјани, од кои 860 се од машки пол, 283 се од женски, 310 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а уште 137 се деца што патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им […]

Страна 1 од 1