fbpx

Ердоган: Исламските милитанти ќе завршат во пеколот

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Исламската држава најверојатно е одговорна за нападот на аеродромот во Истанбул, додавајќи дека исламските милитанти ќе завршат во пеколот.

Зборувајќи денеска во Истанбул, по исламската молитва што се одржува во петок, Ердоган изјави дека екстремистичката група тврди дека дејствува во име на исламот, но нагласи дека нема никаква врска со религијата, пренесува АП.

– Тие немаат врска со исламот. Нивното место е во пеколот. Луѓето што загинаа се невини, тоа се деца, жени, старци. Тие тргнаа на пат и се соочија со смрт. Немате право да им го правите тоа – изјави Ердоган.

Во терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, загинаа 44 лица, а беа ранети стотина луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...