fbpx

Никола Јанкуловски избран за нов ректор на УКИМ

-

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој освои 43 гласа, наспроти неговиот противкандидат, професорот Ненад Новковски, кој освои шест гласа, додека шест ливчиња беа неважечки.

Јанкуловски ќе биде ректор на УКИМ во наредните четири години.

Пред почетокот на седницата на Сенатот на УКИМ, „Студентски пленум“ го блокираше влезот на Ректоратот за да ги спречи професорите кои се членови на Сенатот да влезат во зградата и да гласаат за нов ректор.

Според „Студентски пленум“, претставниците на Студентскиот парламент (СПУКМ) се нелегитимни бидејќи мандатот им е истечен веќе две години.

Откако четворица претставници на „Студентски пленум“ издејствуваа присуство на седницата, тие кратко по почетокот на седницата ја напуштија зашто им беше одземен зборот и им ги исклучија микрофоните. Тие се побунија против одлуката на комисијата за верификација на Сенатот, да ги верификува мандатите на десетте претставници на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ), тврдејќи дека тие се нелегитимни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...