fbpx

Британија формира владин оддел што ќе преговара за напуштањето на ЕУ

-

Британската влада денеска договори воспоставување нов оддел на државни службеници, кои ќе преговараат за начинот на излегување на земјата од Европската Унија, соопшти портпаролот на британскиот премиер во оставка, Дејвид Камерон.

– Премиерот даде предлог, а кабинетот го поддржа формирањето на нова единица за водење на интензивната работа на државната служба за прашањата што ќе мора да бидат разработени за да се претстават опциите и да му се дадат совети на новиот премиер – рече портпаролката на Камерон.

Британскиот премиер, по обелоденувањето на резултатите од референдумот, соопшти дека до октомври ќе се повлече од премиерската функција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...