fbpx

ОН: Повеќе од 700 медицински работници се убиени во Сирија

-

Повеќе од 700 доктори и медицински работници се убиени во Сирија од почнувањето на војната во 2011 година, а голем број деца се регрутирани во редовите на Исламска држава, соопштија од Обединетите нации.

Претседателот на Независната меѓународна комисија за истраги во Сирија при ОН, Пауло Пинјеиро, ги осуди нападите на болници и на клиники, кои, како што рече, предизвикуваат огромни страдања за цивилите.

– Бројот на цивилните жртви се зголемува, а болници и медицински персонал има сè помалку, што дополнително ја отежнува можноста за давање помош. Повеќе од 700 доктори и медицински работници се убиени при бомбардирања на болници од почетокот на граѓанската војна во 2011 година – рече Пинјеиро.

Тој додаде дека според податоците на комисијата, неколку стотици деца помлади од 15 години се регрутирани во редовите на џихадистите на Исламска држава во провинцијата Идлиб во Северна Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...