Нови апсења на шверцери на бегалци во Грција

-

Тројца Бугари и еден Словенец се уапсени во Грција поради обид за нелегално пренесување бегалци и мигранти преку грчко-македонската граница. Вчера грчката полиција во близина на Кукуш откри комби со 25 бегалци од Авганистан, Пакистан и од Сирија, кое се движело во насока на македонската граница.

Бегалците биле откриени при рутинска проверка на возилата. Возачот на комбито успеал да избега, а полицијата уапсила тројца бугарски државјани во возило кое го следело комбито како негова заштита.

Уапсените се на возраст од 20, 21 и 25 години. Веднаш биле изведени пред обвинител и се товарат за учество во мрежи за нелегален шверц на бегалци.

Во понеделникот во Солун полицијата откри уште еден обид за нелегален пренос на бегалци. Во западните предградија на Солун бил уапсен 38-годишен Словенец, кој во украден камион пренесувал 35 бегалци и мигранти, од кои 12 малолетни лица.

Уапсениот веднаш бил изведен пред обвинител, а полицискиот распит покажал дека секој од бегалците имал платено по 1.300 евра за да бидат пренесени првично во Македонија, а потоа и кон друга европска држава.

Во Грција, според официјалните владини бројки, има околу 57.000 бегалци. Најголем број од нив, околу 24.000 лица, се во камповите во Северна Грција, околу Солун, Пиерија и Јанина.

Ураганот Милтон ја пустоши Флорида, има жртви и прекин на струја за повеќе од 2 милиони жители

Ураганот Милтон ја зафати Флорида како бура од трета категорија, внесувајќи уште поголеми штети на брегот кој сè уште е опустошен од ураганот Хелена кој се случи само пред...