fbpx

Наумов: Најважно е дали Ставрески ја почнал процедурата за издавање еврообврзница

-

„Jавните финансии се во страшно лоша состојба и прашањето е што тоа Зоран Ставрески остави зад себе. Притисокот од Никола Груевски, кој ја води власта, ќе биде уште поголем и очекувам да се продолжи со истата погубна политика и да има нови задолжувања“, одговори претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов, на новинарско прашање што може да се очекува од наследникот на поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

Според него, најважно е дали Ставрески пред да ја напушти функцијата ја почнал процедурата за издавање еврообврзница или, пак, не го направил тоа.

– Тоа е многу важно прашање, бидејќи еврообврзницата на овој начин е нелегитимна, нелегална и таа не може да биде јавен долг ако се издаде еднострано од министерот без разлика како тој се вика, дали е Зоран Ставрески или некој друг – додаде Наумов.

Најголема забелешка за работата на Ставрески, Наумов има за задолжувањето кое, според него, е од 2,5 до 3 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...